Без голови и без победник заврши пресметка на Струга Трим Лум и Ренова, на Градскиот стадион „ФК Караорман“, во рамките од 23-та рунда во Првата македонска фудбалска лига.
Иако мрежите мируваа, возбудувања и добар фудбал имаше пред двата голови. Струшките фудбалери трегнаа решително од старт, но и гостите од Тетово покажаа заби, парирајќи му на домаќинот во сите сегменти од играта.
Кога се разгоре играта Ренова остана со фудбалер помалку. Дефанзивецот Арбен Тафе поради два жолти картони во период од пет минути доби црвен картон и предвреме го заврши натпреварот. Стружани во финишот од првиот дел не успеаја да ја капитализираат бројчаната предност.
Исто беше случај и во вториот дел. Дури подобрите шанси им припаднаа на гостите, кои за малку не го грабнаа целиот плен.
За Струга Трим Лум ова беше трето реми во серија на домашен терен од стартот на пролетната полусезона, додека Ренова освои драгоцен бод во трката за опстанок.
- Резултати:
Борец – Беласица 1-0
Македонија ЃП – Силекс 0-3
Шкендија – Пелистер 1-0
Шкупи – Вардар 2-0
Струга ТЛ – Ренова 0-0
Работнички – А. Пандев 0-2
Табела: Шкендија 50, Шкупи 43, Македонија ЃП 38, Струга ТЛ 34, Работнички 32, Борец 32, Пелистер 28, Вардар 27, Силекс 26, Академија Пандев 25, Ренова 24, Беласица 13.
OhridNews