Металург, Тетекс, Напредок и Брегалница остварија победи пред своите гледачи над Пелистер, Турново, Скопје односно Ренова во воведното коло од пролетниот дел во првата македонска фудбалска лига.


Најголемото изненадување во 19-то коло е триумфот на Брегалница над актуелниот првак во Македонија, Ренова. “Фалангата“ до победата стигна со пресврт откако “гипсарите“ поведоа преку Јанчески. Со погодокот на Митров во првиот дел домаќините ја анулираа предноста. Лазар Илиев и Елвир Мандак во финишот на мечот го фрлија шампионот на колена.

Металург на “Железара“ забележа убедлив триумф над “фенерџијата“ Пелистер совладувајќи ги со 4-0.  Единствено реми се одигра на националната арена “Филип 2“ каде Работнички ги подели бодовите со Силекс играјќи 0-0. 

Тетекс и Напредок извојуваа чисти победи. Дарко Јованоски е стрелец на погодокот вреден три бода за “штофарите“ додека избранивите на охриѓанецот Драган Бочески со погодоците на Велјаноски и Стефаноски пролетниот дел го започнаа со триумф.

Резултати: Металург – Пелистер 4-0, Напредок – Скопје 2-0,  Брегалница – Ренова 3-1, Тетекс – Турново 1-0, Работнички – Силекс 0-0

Табела:

место   екипа одиграни П Н И голови бодови
1 ШКЕ Шкeндијa

18  10  31:10  35 
2 РЕН Ренова

19  10  26:16  34 
3 РАБ Рaботнички

19  24:15  33 
4 МЕТ Металург

19  23:14  32 
5 ХОР Хоризонт Турново

19  19:17  29 
6 ТЕТ Тетекс

19  18:14  27 
7 НАП Нaпредок

19  20:22  27 
8 СИЛ Силекс

19  20:22  25 
9 БРЕ Брегалница

19  10  21:27  25 
10 СКО Скoпje

19  16:19  22 
11 ВАР Вардар

18  12  14:29  13 
12 ПЕЛ Пелистер

19  14  14:41  11