Без победник 2-2 заврши дерби средбата помеѓу Шкупи и Шкендија на стартот од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.

Фудбалерите на Шкупи можат да жалат за победата и трите бодови бидејќи имаа водство од 2-0. Двата погодоци за тимот од Чаир ги постигна Дембо Дербое во првото полувреме. Тетовските „црвено црни“ во вториот дел се поправија и на крилата од Љупчо Дориев го израмнија резултатот. Новајлијата во дресот на Шкендија прво постигна погодок за 2-1, а потоа асистираше до Ахмеди.

Најубедлив триумф во првата рунда забележа Силекс кој со 6-0 ја посрамоти Беласица. Три бодови на табелата прокнижија битолски Пелистер и Македонија Ѓорче Петров. „Зелено белите“ на домашен терен со минимални 1-0 ја совладаа Академија Пандев, додека „лавовите“ со 2-1 го совладаа Работнички. Единствен меч без голови беше дуелот во Тетово помеѓу Ренова – Струга Трим Лум.

Резултати:

Вардар – Борец 0-1

Шкупи – Шкендија 2-2

Ренова – Струга ТЛ 0-0

Македонија ЃП – Работнички 1-1

Беласица – Силекс 0-6

Двојки 2.рунда: Работнички – Беласица, Шкупи – Македонија ЃП, Борец – Ренова, Шкендија – Струга ТЛ, Академија Пандев – Вардар, Силекс – Пелистер

OhridNews

Фото и видео: Гол.мк