Фудбалерите на Струга Трим Лум освоија бод на гостувањето во Скопје, ремизирајќи со Вардар 1-1 (0-1), во последната рунда од вториот круг во Првата македонска фудбалска лига.

Стружани можат да жалат за целиот плен, бидејќи повеќе од 50-тина минути имаа водство од 1-0. Александар Ристески од пенал во 21-та минута го отвори резултатот. Скопските „црвено црни“ на 1-1 изедначија во 75-та минута преку Филип Петковски, кој резултат се покажа како конечен.

Нови важни три бодови освои Пелистер, кој на домашен терен во Битола, со минимални 1-0 го совлада велешки Борец. Втор меч по ред човек на одлука се покажува Пејаковиќ. Овој пат офанзивниот фудбалер го матираше Борец, а претходно погоди за победа во Струга.

Резултати:

Беласица – Академија Пандев 0-0

Пелистер – Борец 1-0

Шкендија – Ренова 0-0

Шкупи – Работнички 0-2

Вардар – Струга Трим Лум 1-1

Македонија ЃП – Силекс 1-0

Табела: Шкендија 47, Шкупи 40, Македонија ЃП 38, Струга ТЛ 33, Работнички 32, Борец 29, Пелистер 28, Вардар 27, Силекс 23, Ренова 23, А. Пандев 22, Беласица 13.

OhridNews