Без победник 1-1 заврши скопското дерби меѓу Вардар и Работнички во 11-та рунда од Првата македонска фудбалска лига.
До предност уште во 4-та минута стигнаа романтичарите со голот на Борче Маневски, реми на мечот и бод за Вардар донесе интернационалецот Адемовиќ од пенал во финишот од првиот дел.
11-та рунда во Првата МФЛ ќе се комплетира в недела со натпреварите : Македонија ЃП – Пелистер, Еуромилк – Напредок, Ренова – Шкендија, Х. Турново – Гостивар, Брегалница – Металург.
Мх.П.