Без победник 1-1 заврши големата дерби пресметка на Вардар и Пелистер одиграна на „Филип Втори“ во 21-та рунда од Првата македонска фудбалска лига.

Избраниците на охридскиот стратег Драган Бочески поведоа со погодок на Петар Љамчевски во првите минути од мечот, а од пенал во финшот од првиот дел изедначи Илчо Наумоски.

Вардар од 54-та минута играше се фудбалер помалку откако беше исклучен Цикарски, но и покрај тоа „црвено црните“ имаа неколку шанси за победнички погодок.

Резултати : Брегалница – Работнички 1-1, Х. Турново – Металург 0-0, Македонија ЃП – Напредок 3-1, Ренова – Гостивар 3-0, Еуромилк – Шкендија 2-1, Вардар – Пелистер 1-1.

Табела : Вардар 38 бода, Хоризонт Т. 35, Работнички 35, Металург 34, Пелистер 34, Ренова 30, Еуромилк 29, Брегалница 26, Шкендија 26, Македонија ЃП 22, Напредок 13, Гостивар 11.

 

Мх.П.