Без голови и без победник заврши пресметката на Струга Трим Лум и Шкупи, на Градскиот стадион „ФК Караорман“, во 30-та рунда од Првата македонска фудбалска лига.

Ремито за стружани не е поволен резултат, бидејќи заостанаа три бодови од Македонија Ѓорче Петров во битката за третата позиција на табелата. „Лавовите“, пак, на домашен терен со 3-0 го совладаа битолски Пелистер.

Првиот дел од мечот во Струга помина во знакот на гостите, додека струшките „црвено бели“ комплетно го одбележаа вториот дел. Гостите иако доминираа не успеаја да создадат некоја посериозна прилика во првиот дел. Избраниците на Срѓан Захариевски, пак, не само што креираа шанси, туку го потиснаа противникот на сопственста половина. Гостите од Скопје благодарание на добрите интервенции на голманот Кристијан Наумовски останаа со „празна“ мрежа и позитивен бод од средбата во Струга.

Битката за опстанок се разгори во Првата македонска фудбалска. Од 11-та позиција на која се наоѓа Вардар до 7-та каде се наоѓа Борец е разликата пет бодови. До крајот на првенството остануваат уште три рунди, во кои никој и ништо не може да се предвиди однапред.

  • Резултати:

Академија Пандев – Ренова 1-1

Беласица – Силекс 1-3

Борец – Вардар 2-0

Македонија ЃП – Пелистер 3-0

Работнички – Шкендија 3-5

Струга Трим Лум – Шкупи 0-0

Табела: Шкендија 71, Шкупи 56, Македонија ЃП 51, Струга Трим Лум 48, Работнички 41, Пелистер 38, Борец 36, Силекс 35, Академија Пандев 35, Ренова 32, Вардар 31, Беласица 17

OhridNews