Охриѓанецот Кире Маркоски голгетерскиот ритам од младата селекција го продолжи и во боите на Работнички постигнувајќи одличен гол на дуелот со Силекс (3-1).
Маркоски во 64-та минута погоди за дуплирање на водството (2-0), откако Елмас погоди за 1-0 во 15-та минута. Домаќините со голот на Дурански зголемија на 3-0 во 74-та минута, а конечните 3-1 ги постави Недељковиќ.
„Романтичарите“ со овој триумф се искачија на врвот од табелата во елитата, но Пелистер и Вардар кои до сега беа лидери имаат меч помалку.
Фото:Гол.мк
OhridNews