Фудбалска Битола го слави Марјан Алтипармакоски. Младиот напаѓач го предводеше Пелистер до победата против  Работнички. Голот вреден три бода беше постигнат во 80 минута.

Немаше победник на дербито на колото на “Филип II“ помеѓу Вардар и Ренова. Гипсарите поведоа преку Ибраими во 66 минута, додека Ступиќ во 77 минута ги постави конечените 1-1.

Турново го совлада Милано со 3-1. Силекс ја продолжи негативната серија, откако беше поразен од Металург со 1-0.

Натпреварите Македонија ЃП – Победа и Тетекс – Слога Ј не се одиграа.

ohridnews