Екипата на Работнички го освои целиот плен во Охрид совладувајќи го составот на Младост од Царев Двор со 3-0 во заостанатиот натпревар од 4-та рунда во Првата македонска фудбалска лига.
Двата состави со по една колосолана шанса го започнаа натпреварот на „Атина Бојаџи“. Први нереализираа гостите преку капитенот Баже Илијоски, а можност за домаќините пропушти Ерсен Сали.
На средината од првиот дел голманот на Младост, Петровски со одлична одбрана по шутот на Кире Маркоски ја зачува „празна“ мрежата.
Во судиското продолжени „романтичарите“ го отвараат резултатот. Грозданоски недозволиво го сруши во казнетиот простор Алтипармаковски, а главниот судија Фатон оправдано покажа на белата точка и го испрати домашниот фудбалер во соблекувалните.
Сигурен егзекутор на најстрогата казна беше Илијоски кој го испрати на спротивна голманот Петровски.
Бројчаната предност на теренот на гостинските фудбалери им овозможи простор за игра. „Романтичарите“ во првите 15 минути од вториот дел не искористија три-четири изгледни прилики за погодок.
Гостите од Дебар маало победата во Охрид против Младост ја заверија во 73-та минута. Маркоски со глава ја погоди празната мрежа откако голманот на домаќините Петровски го одбрани ударот на Илијоски.
Капитенот на гостите одличната партија на „Атина Бојаџи“ ја круниса со нов вкупно втор погодок на мечот за убедлива победа на „романтичарите“.
Работнички полека но сигурно се приклучува кон водечките, а Младост ја фати удолницата на табелата во елитата.
Мх.П.