Работнички со пресврт во финишот на мечот славеше победа од 2-1 над Брегалница, во последниот натпревар од првата рунда во македонскиот фудбалски шампионат.


“Сините“ дојдоа први во предност со голот на Митров во 24 минута. Работите се влошија за “дебармаалци“ кога Тодоровски во 72 минута заработи црвен картон.

Но наместо гостите, се разиграа домаќините кои со головите на Вујчиќ во 82 и Маневски во 88 минута направија комплетен пресврт.  До крајот на мечот изедначени беа и бројчано силите на теренот, по црвениот картон на стрелецот на голот Митров.

По овој меч, Работнички им се враќа на европредизвиците и на домашен терен го пречекува кипарскиот Анортозис. По првиот меч “романтичарите“ имаа 2-0 предност.

М.П.