Охриѓанецот во редовите на „романтичарите“, Кире Маркоски ја санираше повредата на мускулот и ќе биде во комбинација за дербито со Шкендија во 24-та рунда од Првата лига.
Репрезентативецот на Македонија до 21 година надвор од терените поради повредата беше 45 денови и пропушти важни мечеви за екипата во елитата.
– Лошото помина, повредата е минато и подготвен сум за игра. Се надевам дека ќе бидам од голема помош за дербито со Шкендија и за мечевите кои понатаму не очекуваат. – рече Маркоски.
20-годишниот фудбалер сезонава има запишано 16-ет настапи во Првата лига и има постигнато еден погодок.
Двојки: Работнички – Шкендија (сабота), Шкупи – Вардар, Металург – Хоризонт Турново, Младост Ц.Д. – Брегалница, Силекс – Ренова.
Табела: Вардар 58, Шкендија 53, Шкупи 34, Силекс 34, Работнички 33, Ренова 25, Турново 24, Брегалница 23, Младост 16, Металург 13.
OhridNews