Работнички минално 1-0 славеше над последнопласираниот Тетекс и ја продолжи победничката серија на три натпревари во втората полусезона во Првата македонска фудбалска лига.

Стрелец на победничкиот погодок беше повремениот репрезентативец Баже Илијоски во вториот дел од натпреварот.

Со трите бода од дуелот со Тетек ибраниците на Жикица Тасевски ќе приклучат на горниот дел на табелата додека “штофарите“ до крајот сезоната ќе се борат за опстанок во прволигашкото друштво.

21-рунда од фудбалска елита ќе се комплетира в недела со натпреварите Пелистер – Силекс, Брегалница – Ренова, Металург – Вардар, Напредок – Турново и Шкендија – Дрита.

Мх.П.