Без победник 2-2 заврши скопската дерби пресметка помеѓу Вардар и Работнички одиграна во 29-та рунда во Првата лига.
На „црвено црните“ им требаше победа за и математички да ја осигураат титулата во елитата, но „романтичарите“ не го даваат лесно трофејот, кој е во нивна сопственост.
И двата тима имаа по едно минимално водство и поделбата на бодовите е најреален исход од градското дерби.
Резултати :
Плејоф : Силекс – Шкендија 0-2, Вардар – Работнички 2-2, Металург – Ренова.
Табела: Вардар 65, Работнички 59, Шкендија 53, Ренова 44 (-1), Силекс 34, Металург 33 (-1).
Плејаут : Тетекс – Пелистер 0-2, Брегалница – Хоризонт Турново 2-1.
Табела: Брегалница 36, Х.Турново 30, Пелистер 29, Тетекс 11.
Мх.П.