Составот на Струга Трим Лум ј забележа првата победа во македонска фудбалска елита совладувајќи го тимот на Борец со минимални 1-0 (0-0) во третата рунда од шампионатот.
Стружани погодокот вреден три бодови го постигнаа во 81-та минута од натпреварот. Стрелец беше дефанзивецот Александар Ристески кој највисоко скокна и со глава ја затресе мрежата на гостите. Избраниците на Срѓан Захариевски тешко стекнатата предност ја задржаа до крајот и го скршија мразот во Првата лига.
„Црвено белите“ со трите бодови „скокнаа“ на средината од табелата и го симнаа притисокот од плеќите после ремито и поразот на стартот од првенството.
Во денешните мечеви од третата рунда Силекс со 4-0 го преслуша Вардар, а Пелистер – Работнички ремизираа без голови.
Резултати:
Вардар – Силекс 0-4
Пелистер – Работнички 0-0
Беласица – Шкупи 0-2
Струга ТЛ – Борец 1-0
Македонија ЃП – Шкендија 0-1
Ренова – А. Пандев 2-0
Табела: Силекс 7, Шкупи 7, Шкендија 7, Ренова 5, Пелистер 5, Работнички 4, Струга ТЛ 4, Борец 4, Македонија ЃП 3, Вардар 3, Академија Пандев 0, Беласица 0
OhridNews