Охридскиот судија со знакот на ФИФА, Марјан Маркоски на првиот натпревар во новата сезона ќе има задача да ја води дерби средбата меѓу Металург и Работнички.

Овие два тима заедно со Вардар, Хоризонт Турново и Пелистер се очекува да ја водат битката за титулата оваа сезона.

Асистенти на Маркоски се Грданоски и Мацески додека четврти судија е Стефче Шулески од Охрид.

Викендов почнува 23-от фудбалски шампионат во Македонија, а титулата ќе ја брани Вардар.

Мх.П.