Во останатиот натпревар од Првата македонска фудбалска лига Хоризонт Турново забележа нова победа совладувајќи ја Дрита со 2-1.
Мечот во Кичево помеѓу Напредок и Металург не беше започнат поради обилните врнежи на снег и теренот кој беше со снежна покривка.
Вардар со “петарда“ во мрежата на Сиелск ја прослави есенската титула во Првата македонска фудбалска лига. Најдобриот стрелец во лигата Костовски постигна хет трик по еднаш прецизни беа Стојаковиќ и Ѓоргиев.
Резултати : Х. Турново – Дрита 2-1, Тетекс – Шкендија 1-0 (прекина 85-та минута), Напредок – Металург одложена, Вардар – Силекс 4-0.
Табела : Вардар 38 бодови, Х. Турново 35, Металург 30 (-1 натпревар), Напредок 30 (-1), Шкендија 29 (-1), Брегалница 24, Дрита 23, Работнички 21, Ренова 21, Пелистер 19, Тетекс 9 (-1).