Натпреварот меѓу Шкендија и Младост Царев Двор во рамките од 20-та рунда во Првата македонска фудбалска лига не го дочека својот крај откако беше прекинат по 70 минути игра.
Дождливото време и силниот ветар ги отежнаа условите за игра на Чаир каде тетовци ги играат домашните мечеви во елитата.
Главниот судија Константин Влахо заедно со делегатот и капитените од двете екипи одлучи да го прекине натпреварот.
Инаку, при прекинот голови немаше, а Шкендија во 49-та минута не успеа да реализира удар од белата точка преку Бесарт Ибраими кој го промаши целиот гол.
Според пропозоциите на Фудбалската федерација на Македонија ако мечот се прекине пред 72-та минута двете екипи треба одиграат нов меч во рок од 24 часа. Првенствениот натпревар на Чаир беше прекинат во 70-та минута и в среда Шкендија и Младост од прва минута ќе одиграа нов натпревар.
Фото: Екипа.мк
OhridNews