Уште една црна дамка на и онака потеменетиот сјај на македонскиот фудбал. Само едно полувреме се одига на натпреварот од 26 коло во првата МФЛ. на теренот под тетовското “Кале“, лидерот во првенството Работнички по одиграното на првото полувреме се одлучи да не излезе на терен. Како што јави известувачот на македоснкото радио, “романитчарите“ при излегувањето на терен биле нападнати од непознати лице и плашејќи се за својата безбедност не излегле на тернот да го продолжат мечот во кој имаа предност од 1-0.
Главниот судија Охриганецот Шулески со своите помошници ги чекаше гостите половина час , по што се повлекоа во соблекувалните. Својата разврска мечот ќе ја добие на зелена маса.

На останатите натпревари

Победа Македонија Ѓ.П. 2-0
Ренова –  Пелистер 2-1 
Башкими –  Вардар  2-1
Цементарница  Милано  2-1
Шкендија 79  Работнички    прек
Силекс Напредок 0-0

Табела :

ТАБЕЛА
Работнички Кометал 25 19 6 0 39 6 63
Милано 26 16 3 7 54 26 51
Пелистер 26 12 6 8 28 21 42
Вардар 26 10 11 5 34 19 41
Ренова 26 11 7 8 27 24 40
Победа 26 10 8 8 36 34 38
Македонија Ѓ.П. 26 9 4 13 27 38 31
Напредок 26 7 8 11 24 38 29
Силекс 26 6 9 11 23 31 27
Башкими 26 6 5 15 31 52 23
Шкендија 79 25 6 4 15 16 36 22
Цементарница 26 4 7 15 21 35 19
ohridnews