Осмото коло од македонската фудбалска лига ќе остане запаметено по прекинот на натпреварот во Тетово.

Дербито на колото не го дочека својот крај. Како што прененесува веб сајтот www.macedonianfootball.com инцидентот се случил во 45 минута од мечот при резултат 0-1 за Македонија.

Пред последниот свиреж во 45 минута ,настанал мешаница на теренот во која учествувале играчите на двете екипи,а судијата Бошков го исклучил играчот на Македонија Ѓ.П., репрезентативецот на Габон, Џорџ Амбур.

На патот кон соблекувалната , во фамозниот тунел Амбур бил нападнат од непознати сторители. Нападнатиот Амбур од ударите загубил свест и без сознание бил префрлен во тетовската болница.

Поради инциднетот екипата на Македонија не сакала да го продолжи натпреварот.

На останатите терени каде се играше фудбал
Пелистер – Силекс 3-1
Победа – Металург 3-1
Милано – Напредок 5-0

Натпреварот Вардар – Хоризонт Турново ќе се игра во Вторник (07.10.2008)

Во ова коло е слободен е тимот на Работнички.

ТАБЕЛА

тим игр. поб. нер. изг. + бод.
Вардар 6 5 0 1 16 5 15
Македонија Ѓ.П. 6 4 2 0 16 4 14
Милано 7 4 1 2 16 8 13
Ренова 6 4 1 1 8 5 13
Пелистер 7 3 1 3 11 12 10
Победа 8 3 1 4 10 18 10
Работнички 7 1 6 0 8 7 9
Силекс 8 0 5 3 3 8 5
Хоризонт Турново 6 1 2 3 4 10 5
Металург 8 1 2 5 5 11 5
Напредок 7 0 3 4 5 14 3

М.П.