Без победник и без голови заврши „еден-два“ пресметката под Тумбе Кафе меѓу Пелистер и Хоризонт Турново во Првата македонска фудбалска лига.

Жестоката битка за бодови беше видлива затоа имаше многу недозволени стартови кои судијата со знакот на ФИФА, Мечкароски ги санкционираше.

Така мечот битолчани го завршија со девет фудбалери откако црвени картони заработија Китановски и Драгарски додека во гостинскиот состав поцрвена Митрев.

Исти епилог имаше и на мечот во Тетово помеѓу Шкендија – Металург, кој заврши 0-0 и со два црвени картони по еден за двете екипи.

Резултати : Шкендија – Металург 0-0, Пелистер – Х. Турново 0-0, Напредок – Брегалница 0-2, Македонија ЃП – Еуромилк 0-1, Гостивар – Работнички, Вардар – Ренова.

Мх.П.