Фудбалерите на Струга Трим Љум со празни раце се враќаат од гостувањето во Ѓорче Петров, откако претрпеа пораз 2-0 (0-0) од тимот на Македонија во осмата рунда од шампионатот.
„Лавовите“ победата и трите бодови во дуелот со стружани ги осигураа со погодоци во вториот дел од натпреварот. Резултатот го отвори Емини од пенал во 60-та минута, а конечните 2-0 ги постави Калид во 80-та минута.
Прв бод после осум мечеви во Првата МФЛ освои Беласица. Составот од Струмица ремизираше 1-1 со Ренова на домашен терен. Домаќините поведоа со голот на Милушев, додека бод за „гипсарите“ обезбеди Јашароски со гол од пенал во последните мигови од средбата.
Резултати:
Беласица – Ренова 1-1
Македонија ЃП – Струга ТЉ 2-0
Работнички – А. Пандев
Шкендија – Силекс 1-1
Шкупи – Борец 3-0
Табела: Шкендија 18, Шкупи 16, Македонија ЃП 16, Борец 12, Силекс 11, Работнички 11, Струга ТЛ 11, Вардар 10, Песлитер 9, А. Пандев 7, Ренова 6, Беласица 1
OhridNews
Видео: Гол.мк