Екипата на Струга Трим Лум претрпе пораз на гостувањето во Струмица, откако тимот на Академија Пандев со 1-0 (1-0) славеше во пресметката од 24-та рунда, во Првата македонска фудбалска лига.

Погодокот кој го одлучи победникот домаќините го постигнаа во првиот дел, а стрелец беше Кристијан Велиновски. Академија Пандев во 83-та минута остана со фудбалер помалку, после црвениот картон на дефанзивецот Мандев, но стружани не успеаја да го искористат играчот плус и со празни раце се враќаат од гостувањето во Струмица.

Лидерот на табелата Шкендија забележа највисока победа, совладувајќи го Вардар со 6-1 на Националната арена „Тодор Проевски“. Скопските „црвено црни“ поведоа со голот на Мирчевски, но Шкендија жестоко одговори, постигнувајќи шест голови во мрежата на домашните фудбалери, за убедлив триумф.

  • Резултати:

Академија Пандев – Струга Трим Лум 1-0

Беласица – Работнички 1-1

Ренова – Македонија ЃП 1-2

Силекс – Шкупи 1-3

Вардар – Шкендија 1-6

Борец – Пелистер (утре)

Табела: Шкендија 53, Шкупи 46, Македонија ЃП 41, Струга ТЛ 34, Работнички 33, Борец 32, Пелистер 28, А. Пандев 28, Вардар 27, Силекс 26, Ренова 24, Беласица 14.

OhridNews