Охриѓанецот во дресот на Напредок, Ристе Маркоски со погодок ја зачина победата 2-1 над Македонија Ѓорче Петров. За охридскиот фудбалер ова е прв гол сезонава и тоа како важен во трката за опстанок.
Екс фудбалерот на Охрид, Егзон Белица заработи директен црвен картон во првиот дел од натпреварот со што им овозможи лесна победа на „млекарите“ 3-0.
За нив настапија двајцата охриѓани Дејан Лескароски и Наум Велјаноски додека Дарко Иловски беше на клупата.
Мх.П.