Актуелниот првак Македонија ЃП се ивлече со минимална победа на гостувањето во Турново кај Хоризонт. Стрелец на победносниот гол беше Глигоровски во судиското надополннување.
Ренова успеа да се врати по негативата од еден гол и со пресврт го победи Металург на Градскиот стадион во Тетово. Крстев во 19 го отвори резултатот, Ибраими по само две минути израмна на 1-1, а благодарение на голот на Мемеди “гипсарите“ имаа 2-1 предност на полувремето. Конечните 3-1 ги постави Тодоровски во 71 минута.
Лидерот Работнички без поголеми проблеми ја совлада Победа со тениски 6-2. Хет трик на репрезентативецот Савиќ, два гола на најдобриот стрелец во првенството Божиноски и еден на Вандаир. За Победа головите ги постигнаа Петровиќ
и Нестероски.
Недела 13.00
Пелистер – Вардар , Силекс – Тетекс
Понеделник 14.00
Милано – Слога Ј.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com