Фудбалерите на Работнички на домашен терен со 2-0 го совладаа Металург во 30-та рунда од Првата лига и се доближија на три бодови од лидерот на табелата Вардар, кој претрпе пораз 1-0 во дербито со Шкендија.


Победата на „романтичарите“ беше во знакот на охриѓанецот Кире Маркоски, кој директно учествуваше во двата погодоци.

Во првиот топката по неговиот удар го закачи Чума Анене и заврши зад грбот на Стојан Димовски додека во вториот асистираше до Баже Илијоски, кој ги постави конечните 2-0.

По поразот на Вардар од Шкендија во Кичево со триумфот на градскиот ривал Работнички ја намали негатива на три поени на два меча од крајот на шампионатот.

Резултати : Шкендија – Вардар 1-0, Работнички – Металург 2-0, Ренова – Силекс 0-1.

Табела : Вардар 65, Работнички 62, Шкендија 56, Ренова 47, Силекс 37, Металург 33.

Мх.П.