Прилепска Победа натпреварот од 18.коло во Првата македонска лига против Ренова ќе го одигра на охридската арена „Атина Бојаџи“ в недела со почеток во 13 часот.
„Црвено белите“, мечевите на домашен терен во есенската полусезона ги играат во Битола или Охрид поради градежните работи кои се одвиваат на стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп.
Победа, последно домаќин во Охрид и беше на Брегалница во 1/4 финалето од Купот на Македонија. Натпреварот заврши без победник 2-2.
Двојки 18.коло: Шкупи – Македонија ЃП, Шкендија – Пелистер, Брегалница – Работнички, Вардар – Силекс, Победа – Ренова.
Табела: Вардар 40, Шкендија 34, Пелистер 29, Работнички 27, Силекс 23, Ренова 20, Шкупи 16, Победа 15, Македонија ЃП 12, Брегалница 10.
OhridNews