Фудбалскиот клуб Победа од Прилеп мечот против Вардар во … рунда од Првата македонска фудбалска лига ќе го одигра на охридскиот стадион „Билјанини Извори“. Натпреварот е закажан за 3 април (среда) во 15 часот и 30 минути.

Бодовите од дуелот во Охрид им се повеќе од потребни на прилепска Победа во борбата за опстанок во фудбалската елита, додека „црвено црните“ се во добра серија забележувајќи четири победи на последните пет натпревари.

Победа, вторава полусезона играше еден меч во Охрид и остана без бодови, откако Ренова славеше со 3-2 на СРЦ „Билјанини Извори“.

Мечот во Охрид ќе го суди Јосип Бартон, а ќе му асистираат Иса Емурло и Дарко Јовчевски.

OhridNews