Прилепска Победа натпреварот од 23-та рунда во Првата македонска фудбалска лига против Ренова ќе го одигра во Охрид на СРЦ „Билјанни Извори“.

Бодовите од мечот кој ќе се одигра в сабота со почеток во 14 часот и 30 минути се од исклучително значење за Победа која се бори за опстанок во елитата. „Гипсарите“ се во далеку подобра состојба, но за мирен финиш на сезоната треба да го освојат целиот плен во Охрид.

Правдата ќе ја дели стружанецот Јован Качевски, а ќе му асистираат Ацо Мацевски и Разме Бакрачески. Четврти судија е Марјан Маркоски.

Двојки 23.коло: Победа – Ренова, Академија Пандев – Силекс, Македонија ЃП – Беласица, Шкендија – Работнички, Вардар – Шкупи.

Табела: Шкендија 47, Академија Пандев 39, Вардар 39, Шкупи 33, Работнички 31, Ренова 27, Силекс 24, Македонија ЃП 23, Беласица 19, Победа 18.

OhridNews