Екипата на Вардар на една рунда од крајот на првата полусезона ја обезбеди титулата есенски шампион во Првата македонска фудбалска лига. „Црвено црните“ првата позиција на табелата ја заверија со убедлива победа од 3-0 против Академија Пандев во Струмица.

Дербито на колото го одбележа Даниел Аврамоски, кој постигна два погодоци и асистираше за третиот на „вардарци“. Репрезентативецот на Македонија го отвори резултатот и го дуплираше водството, а во финишот маестрално го проигра Брдаровски кој стави печат на победата.

До крајот на полусезоната во Првата лига останува уште една рунда. В среда екипите ќе излезат на мегдан во 1/4 финалето во Купот на Македонија.

Резултати:

Академија Пандев – Вардар 0-3

Борец – Ренова 1-0

Шкендија – Шкупи 4-0

Работнички – Силекс 1-1

Македонија ЃП – Струга ТЛ 1-1

Табела: Вардар 35, Шкендија 27, Академија Пандев 27, Силекс 24, Македонија ЃП 23, Струга ТЛ 23, Шкупи 22, Борец 19, Ренова 16, Работнички 15

OhridNews