Прилепска Победа го приреди најголемото изненадување во вондредната седма рунда во Првата македонска фудбалска лига совладувајќи ја Шкендија со 2-0 на Градскиот стадион во Тетово.

Прилепчани сензцијата ја најавија со ремито без голови после 45 минути игра и покрај нападите на домашниот состав. Во второто полувреме Шкендија продолжи да напаѓа, но гостите со два погодоци од контра напади му пресудија на актуелниот македонски шампион.

Од поразот на Шкендија најмногу профитираше Вардар кој со минимален триумф (1-0) на домашен терен против Силекс се одлепи три бодови од најсериозниот ривал за титулата. Измеѓу Вардар и Шкендија на втората позиција се наоѓа Академија Пандев.

Резултати: Академија Пандев – Ренова 0-2, Беласица – Шкупи 1-0, Македонија ЃП – Работнички 3-0, Шкендија – Победа 0-2, Вардар – Силекс 1-0.

Табела: Вардар 17, Академија Пандев 15, Шкендија 14, Победа 11, Работнички 9, Беласица 8, Ренова 7, Македонија ЃП 6, Шкупи 5, Силекс 5.

OhridNews