Прилепска Победа натпреварот од 11-та рунда во Првата македонска фудбалска лига против Силекс ќе го одигра во Охрид на „Атина Бојаџи“ стадионот.
Победа, сезонава мечевите на домашен терен ги игра во Битола поради реновирањето на стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп.
Но, градежните работи на битолскиот стадион одново ја „преселија“ Победа овој пат во Охрид.
И минатата сезона Победа играше дел од мечевите во Охрид кога се натпреваруваше во втората лига по ранг во Македонија.
Покрај овој дуел во 11-та рунда ќе се одиграат уште Работнички – Шкупи, Македонија ЃП – Ренова, Брегалница – Пелистер и Шкендија – Вардар.
Фото: Архива
OhridNews