Охриѓани ќе имаат ретка можност да гледаат прволигашки фудбал на „Атина Бојаџи“ стадионот, откако Фудбалскиот клуб Победа од Прилеп одлучи мечот со Академија Пандев во 23-та рунда да го одигра во Охрид.

Теренот и условите на „Атина Бојаџи“ нема да бидат непознати за прилепчани, бидејќи зимските подготовки фудбалерите на Победа ги одработија токму во градот под Самоиловите тврдини.

Победата и трите бодови ќе бидат императив за Победа, додека Академија Пандев ќе се обиди да стави крај на серијата без победа во елитата. Мечот се игра во недела во 14 часот.

Двојки 23.коло: Победа – Академија Пандев, Работнички – Шкендија, Силекс – Шкупи, Скопје – Вардар, Ренова – Пелистер.

Табела: Шкендија 56, Вардар 42, Силекс 35, Работнички 28, Шкупи 28, Академија Пандев 27, Ренова 22, Пелистер 21, Победа 21, Скопје 16.

OhridNews