По тимот на Вардар и екипата на Шкупи го освои целиот плен во Тетово победувајќи ја Шкендија со минимални 1-0 во заостанатиот натпревар од Првата македонска фудбалска лига.
Тетовските „црвено црни“ на мечот со Шкупи се надеваа на рехабилитација од поразот од Вардар, но се случи спротивното и претрпеа нов пораз во македонскиот шампионат.
Моментот на одлука се случи во вториот дел односно во 77-та минута кога Ермедин Адем ја погоди мрежата на домаќините.
Разликата на врвот од табелата меѓу Вардар и Шкендија остана иста пет бодови, а Шкупи со победата се проби на средината од табелата.
OhridNews