Во последниот натпревар од 24-та рунда во Првата македонска фудбалска лига Пелистер и Хоризонт Турново ги поделија бодовите играјќи 1-1.

Со ремито против Пелистер фудбалерите на Хоризонт Турново испуштија можност да се изедначат со Вардар на врвот од табелата додека “чкембарите“ освоија вреден бод во трката за опстанок.

Гостите во 30-та минута поведоа со 1-0, но набрзо потоа домаќините преку Хрисов во 36-та израмнаа 1-1 што се испостави како краен резултат.

Мх.П.