Пред почетокот на подготовките за пролетниот дел од сезоната, фудбалскиот клуб Работнички, се засили со пет нови фудбалери. Двајца од нив се вратија во клубот, тоа се Марио Станковски и Андреј Лазаров, од Борец, односно Тиквеш. Исто така нови играчи на Работнички се и Марјан Ристовски и Бурхан Мустафа од Борец и Андреј Кировски од Силекс.
Мустафа ќе ја засили конкуренцијата на голманската позиција, Андреј Лазаров и Марјан Ристовски ќе конкурираат за средниот ред, Андреј Кировски ќе делува во одбраната, додека Марио Станковски ќе се бори за место во нападот.
Во вториот дел од сезоната „романтичарите“ ќе влезат и со нов тренер. Александар Влахо на клупата го наследи Ратко Достаниќ, со кого клубот спогодбено се раздели.
Есенскиот дел од сезоната, Работнички, го завршија на седмото место со 24 бода.
OhridNews