Со погодокот на бугарскиот интернационалец Воденичаров во 75-та минута Пелистер го совлада тимот на Гостивар со минимални 1-0. Победата над последнопласираниот тим на табелата го лансираше Пелистер на врвот од Првата македонска фудбалска лига.


17-та рунда од елитата ќе се комплетира со скопската пресметка меѓу Вардар и Металург, која се игра во 17 часот.

Резултати : Пелистер – Гостивар 1-0, Ренова – Работнички 1-1, Македонија ЃП – Брегалница 3-0, Еуромилк – Х. Турново 0-2, Напредок – Шкендија 0-0, Вардар – Металург.

Табела : Пелистер 30, Работнички 28, Турново 28, Вардар 27 (-1 меч), Металург 26 (-1 меч), Ренова 24, Еуромилк 21, Шкендија 21, Брегалница 21, Македонија ЃП 16, Напредок 13, Гостивар 11.

 

Мх.П.