Зимските подготовки и пролетната полусезона во Првата македонска фудбалска лига, битолски Пелистер ќе ги започне со Димитар Капинковски на клупата, вака одлучи управата на „зелено белите“, недела дена после завршување на првата етапа во елитата.

Капинковски на позиција тренер дојде на местото од Зоран Штерјоски, кој доби отказ после слабите резултати на „пелистерци“. Капинковски есенскиот дел од Првата лига го финишираше со две победи, вклучувајќи го триумфот во Тетото над Шкендија, со што ја врати надежта кај битолчани за остварување на целта, а таа е опстанок во Првата лига.

На „зелено белите“ ги очекува интересен и возбудлив зимскиот преоден рок. За сега единствен фудбалер кој ќе замине од Битола е младинскиот репрезентативец Љаврим Фазлиу. Тој ќе се пресели во Шкендија.

OhridNews