Без голови и без победник (0-0) заврши дуелот меѓу Пелистер и Силекс во рунда 25-та од Првата македонска фудбалска лига кој двете екипи го одиграа во Охрид.


Дербито на средината од табелата понуди добар и атрактивен фудбал, а недостасуваа само голови кои ќе беа шлаг на тортата на „Атина Бојаџи“.

Во првиот дел фудбалерите на Пелистер имаа повеќе од шансите, а благодарание на голманот од Силекс мрежите мируваа.


Иницијативата на „зелено белите“ продолжи и во второто полувреме, но се толкав интензитет како во првото. Гостинскиот голман одново беше на висина од задачата, а кратовчани во финишот имаат колосална прилика за победнички погодок, но не ја искористија.


Резултати: Брегалница – Шкупи 3-0, Македонија ЃП – Победа 0-0, Пелистер – Силекс 0-0, Работнички – Шкендија 1-0, Ренова – Вардар 0-1.

Табела: Вардар 59, Шкендија 50, Работнички 42, Пелистер 37, Силекс 35, Ренова 31, Шкупи 25, Победа 22, Македонија ЃП 17, Брегалница 16.

Мх.П.