Битолски Пелистер, есенската полусезона во македонска фудбалска елита ќе ја заврши со нов тренер, откако клубот се раздели со Зоран Штерјовски. Причина за разделба се седумте мечеви без победа и лошата игра на „зелено белите“.

Иако не бевме во добра форма, верувам дека ќе ја остваревме главната цел и ќе обезбедиме опстанок. Бевме на добар пат, но сепак немаше доволно трпеливост. Се заблагодарувам на управата и играчите за убавиот период поминат во клубот и сите позитивни резултати кои ги направивме. Им посакувам среќа во понатамошниот дел од сезоната и се надевам дека на крајот клубот ќе обезбеди опстанок. – изјави Штерјовски.

Пелистер мора експресно да ги реши тренерските дилеми, бидејќи уште в среда ги очекува нов натпревар во Првата лига. Битолчани гостуваат во Скопје, кај тимот на Работнички.

OhridNews