Фудбалерите на Пелистер освоија големи три бодови во 21-та рунда од Првата македонска фудбалска лига, победувајќи го составот на Струга Трим Лум на Градскиот стадион „ФК Караорман“, со минимални 1-0 (0-0).

„Зелено белите“ сензационалната победа ја обезбедија со погодокот на Иван Пејаковиќ, кој прецизно стрелаше во втората минута од судиското продолжение.

Натпреварот изобилуваше со тврда игра и со голема борба на средината од теренот. „Црвено белите“ ја имаа во посед топката, но не успеаја да креираат некоја посериозна прилика и да го загрозат гостинскиот голман.

Трите бодови од жешкиот терен во Струга многу ќе значат за битолчани во трката за опстанок во елитата, додека избраниците на Срѓан Захариевски прв пат сезонава на домашен терен претрпуваат пораз.

  • Резултати:

Академија Пандев – Македонија ЃП 2-1

Борец – Беласица 2-1

Работнички – Шкендија 0-0

Ренова – Вардар 3-0

Силекс – Шкупи 0-1

Струга ТЛ – Пелистер 0-1

Табела: Шкендија 46, Шкупи 40, Македонија ЃП 35, Струга ТЛ 32, Работнички 29, Борец 29, Вардар 26, Пелистер 25, Силекс 23, Ренова 22, Академија Пандев 21, Беласица 12

OhridNews