По комплетирање на 26-та рунда во Првата македонска фудбалска лига екипата на Работнички е нов лидер на табелата.
Пелистер досегашниот лидер на табелата претрпе пораз од Ренова 2-1, а Работнички победи на гостувањето во Кичево кај Напредок 2-0 и го презеде кормилото во елитата.
На победи се радуваа и фудбалерите на Металург и Хоризонт Турново кои триумфираа против Еуромилк 1-0 односно Македонија 2-1.
Резултати : Шкендија – Брегалница 0-2, Гостивар – Вардар 0-2, Металург – Еуромилк 1-0, Македонија ЃП – Х. Турново 1-2, Ренова – Пелистер 2-1.
Табела : Работнички 47, Пелистер 47, Вардар 45, Х. Турново 44, Металург 44, Ренова 36, Шкендија 36, Брегалница 36, Еуромилк 32, Македонија ЃП, Напредок 14, Гостивар 14.
Мх.П.