“Зелените“ до победа стигнаа со голот на дефанзивецот Илир Елмазовски на стартот од вториот дел.
Одбраната предводена од охриѓанецот Дејан Лескароски оддолеа на нападите од актуелниот македонски првак и заслужено го однесоа целиот плен од “Филип Втори“.
Со трите бода освоени против најлутиот ривал “чкембарите“ се искачија над зоната за испаѓање додека Вардар по подолго време може да да биде сменат на врвот од табелата.
Резултати : Шкендија – Ренова 1-1, Напредок – Тетекс 0-0, Вардар – Пелистер 0-1.
Табела : Вардар 46, Х. Турново 44, Металург 44, Напредок 37, Работнички 36….