Фудбалерите на Пелистер натпреварот од 25-та рунда во Првата македонска фудбалска лига против составот на Силекс ќе го одиграат во Охрид.
На „Атина Бојаџи“ битолските „зелено бели“ ќе бараат излез од резултатска криза која ги зафати последниве три натпревари во кој немаат освоено ниту еден бод.
Избраниците на тренерот Наџи Шенсои пролетнава полусезона одигра два натпревари во Охрид и имаат половичен учинок од победа и пораз.
Честа да го води дербито од средината на табелата му припадна на охридскиот судија Марјан Маркоски. Негови помошници ќе бидат Жарко Тодоровски исто така од Охрид и стружанецот Ацо Мацевски.
Покрај дуелот во Охрид во 25-та рунда ќе се одиграат уште натпреварите меѓу Брегалница – Шкупи, Македонија ЃП – Победа, Ренова – Вардар, Работнички – Шкендија.
OhridNews