Охриѓанецот во редовите на Работнички, Кире Маркоски беше стрелец на еден погодок во победата на „романтичарите“ над Хоризонт Турново 5-3.
За младинскиот репрезентативец фудбалер ова е втор погодок во овогодинешната сезона. Претходно Маркоски погоди во втората рунда од Првата македонска фудбалска лига за победа против Македонија Ѓорче Петров 1-0.
Осмата рунда од елитата ќе се комплетира со натпреварите : Брегалница – Ренова, Гостивар – Македонија ЃП, Металург – Еуромилк, Напредок – Пелистер и Шкендија – Вардар.
Мх.П.