Со погодокот на охриѓанецот Ристе Маркоски во 78-та минута екипата на Брегалница го совлада Металург со 2-1 на „Железара“.

„Сините“ поведоа со голот на Здравков во 9-та, а Вујовиќ изедначи на 1-1 во 30-та минута, а охриѓанецот со погодок на 12 минути од крајот на мечот донесе три бодови за штипскиот прволигаш.

Маркоски трет натпревар во низа постигнува погодок за Брегалница, претходно ја погоди мрежата на Турново и Работнички.

Резултати : Работнички – Вардар 2-1, Металург – Брегалница 1-2

Табела : Работнички 38, Вардар 38, Х. Турново 5 (-1), Пелистер 35 (-1)….

Мх.П.