Охриѓанецот во редовите на Работнички, Кире Маркоски беше асистент на првиот погодок во победата на „романтичарите“ 2-0 над Македонија Ѓорче Петров.
Макорски асистираше во 46-та минута за Сулејманов, кој го постигна водечкиот погодок, а победата ја запечати Петров во 88-та, кој го замени охриѓанецот во 75-та минута.
Со трите бодови од дуелот со „лавовите“ фудбалерите на Работнички го запоседнаа врвот во Првата лига пред неделните натпревари.
Мх.П.