Фудбалерите на Хоризонт Турново со 3-2 ја совлада Ренова среде Тетово во осмата рунда од Првата македонска фудбалска лига.

Еден од погодоците за турновци постигна охриѓанецот Валентин Кочоски додека другите беа дело на Најденов и Вареловски.

Триумфот на Турново има уште поголема тежина бидејќи од 60-та минута гостите играа со двајца играчи помалку.

Резултати : Работнички – Вардар 0-2, Ренова – Х. Турново 2-3, Пелистер – Шкендија, Силекс – Брегалница, Тетекс – Металург.

Мх.П.