Охриѓанецот Марјан Ецкоски заедно со капитените Металург и Вардар одлучија да не се одигра дерби пресметката во 28-та рунда поради немање на услови на преплавениот терен „Железара“.
Натпреварот помеѓу градските ривали е еден од клучните во разврската за титулата во Првата македонска фудбалска лига и затоа незаслужуваше да се одигра на терен, кој и пливачите можат да подзавидат.
На останатите мечеви од 28-та рунда ќе се сретнат Македонија ЃП – Шкендија, Напредок – Брегалница, Гостивар – Х. Турново, Ренова – Работнички, Пелистер – Еуромилк.
Мх.П.