Охридските арбитри во 30-та рунда од Првата македонска фудбалска ќе „одмараат“ од дерби средбите, но ќе бидат инволвирани во натпреварите.
Единствено од охридските судии на прволигашките терени ќе истрча Марјан Ецкоски и тоа на мечот меѓу Напредок – Македонија ЃП. Асистенти на Ецкоски ќе му бидат Жарко Тодоровски односно Ацо Мацески.
Дерби пресметката Под Тумбе Кафе меѓу Пелистер – Работнички ќе ја води тетовчанецот Јосип Бартон, а Металург – Турново скопјанецот Дејан Јакимовски.
Од овие два меча зависат многу работи околу освојувачот на титулата во Првата лига.
Мх.П.